![slupcane-protest-32889328923](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/slupcane-protest-32889328923.jpg?resize=696%2C366&ssl=1)
Екипите на ЕВН сè уште не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа бидејќи жителите го блокираат влезот во селото и им се закануваат на работниците.
ЕВН информираше дека било известено Министерството за внатрешни работи за случајот.
-Подготвени сме да го платиме долгот кон ЕВН, но не сакаме да плаќаме камата на каматата. Ветувањата кон селаните досега не беа исполнети, а тоа е уште една причина за револт, вели претседателот на месната заедница Селадин Шаини за „ТВ Њуз“.
Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20% фактурирана енергија.