Жителка на Волково им одржа лекција на Наумовски и на Заев (ВИДЕО)

Чекаме веќе 18 години, ништо не направивте, само кал, до кога ќе чекаме? Имаме платено за канализација, никој нема добиено. Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките? Во Горно маало немаме ништо и не сме задоволни со ништо….

Вака револтирана жителка на Волково им се обрати на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој заедно со премиерот Зоран Заев и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска беа на увид на изградбата на новата спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“.

„Претходниот проект беше погрешен. Ќе мора да почекате уште малку. Прво мора да се направи фекалната канализација, потоа да биде асфалтирана улицата“, одговори Наумоски.

Заев додаде дека се дојдени за убав настан и дека реакцијата на жителката е исценирана претстава бидејќи токму улицата на револтираната жена била асфалтирана.

За да го докаже спротивното и дека тоа што го зборува не е лага, жената однесе новинарска екипа на местото каде што живее…