Жив изгорел на Нова година, не успеал да се спаси откако се запалила куќата

Во Полициското одделение Новаци, вчера во 07:43 часот Ј.М. пријавила дека во с.Добрушево, битоско, во текот на ноќта во помошна просторија настанал пожар во кој починал нејзиниот дедо А.М.(94).

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.