Жоаким Ноа објави крај на кариерата во НБА

Француско-американскио кошаркар Жоаким Симон Ноа, кој е без клуб откако му истече договорот со Лос Анџелес Клиперс оваа зима одлучи во 36-та година да ја прекине играчката кариера по 13 сезони минати во НБА лигата.

Информацијата ја пренесе The Athletic, кој потсетува дека Ноа двапати настапуваше на Ол-стар натпреварите, во 2013 и 2014 година. Ресурсот наведува дека Ноа сакал кариерата да ја заврши во дресот на Чикаго Булс каде го мина поголемиот дел од својата кариера во НБА лигата.

Откако двапати беше универзитетски шампион со Флорида Гејторс, во 2006 и 2007 година, Жоаким Ноа, син на поранешниот француски тенисер Јаник Ноа, во 2007 година на драфтот го избраа Булс. Во деветте зони меѓу 2007 и 2016 година игра во плеј-офот шест пати во низа, од 2009 до 2014 година, а во 2011 година стаса до конференциското финале.

По Булс, Ноа од 2016 до 2018-та настапуваше за Њујорк Никс, а потоа во 2018 и 2019-та за Мемфис Гризлис, а со Лос Анџелес Клиперс го потпиша договорот во март 2020 година.

За француската репрезентација одигра 22 натпревара меѓу 2009 и 2011 година, кога „Триколорите“ станаа европски прваци.