Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид ќе потпише нов максимален договор со клубот од „Велс Карго Центарот“.
Понудата е вредна 196 милиони долари за четири години. Со ова Камерунецот ќе остане во Филаделфија до сезоната 2026/2027, период во кој вкупно ќе заработи 261 милиони долари затоа што му остануваат уште две години и 65 милиони долари од актуелниот договор.
Човекот кој минатата кампања ја заврши на второто место во трката за МВП (Никола Јокиќ беше прв) во досегашната кариера има бројки од 24,8 поени и 11,3 скокови и 3,1 асистенција по натпревар.