Епидемијата од жолтица нема да го пролонгира стартот на учебната година, истакна министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.
Тој апелираше до директорите на училиштата и градинките да ги превземат сите дополнителните мерки за хигиена за да не се дозволи ширење на епидемијата.
Дезинфекција и дератизација во сите училишта и градинки ќе се изврши и во општина Карпош. Градоначалникот Стевчо Јакимовски на средба ги задолжи директорите на основните училишта и градинките на ниво на општината да ги превземат хигиенските мерки, а онаму каде што недостасуваат хигиенски средства вети дека ќе бидат обезбедени од општината. Во Карпош има 10 лица кои се заразени со жолтица, за да не дојде до ширење на епидемијата заразна жолтица Јакимовски со апел и до родителите.
Посебно мерки за пратпазливост од ширење на зараза од жолтица Јакимовски даде за училиштето во Бардовци, во Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов и училиштата кои бројат поголем број на ученици односно од 800 до 1000 деца.