Претприемачот Жонг Шанпан, сопственик на компанијата за флаширана вода „Nongfu Spring“ се најде на врвот на листата на најбогатите личности во Кина, според извештајот на Истражувачкиот институт Хурун (Hurun Research Institute).
Така, 68-годишниот Жонг Шаншаб втора година со ред ја предводи листата најбогати Кинези, Неговото богатство во 2022 година се зголемило за 17 отсто, на 65 милијарди долари.
На второто место, со нето капитал од 35 милијарди долари е 39-годишниот Џанг Јиминг, основач на компанијата „ ByteDance“, која е сопственик на популарната апликација TikTok. Во текот на оваа година неговото богатство се намалило за 28 отсто.
Третата позиција ја зазема „кралот на батериите“, 54-годишниот Зенг Јукун, основачот на најголемиот кинески производител на горивни ќелии и литиум-јонски батерии CATL. Годинава тој осиромашил за 28 отсто, и сега неговото богатство е проценето на 32,9 милијарди долари.
Основачот на најголемата кинеска интернет компанија „Alibaba Group“, 58-годишниот Џек Ма, кој само до пред две години беше најбогатиот човек во Кина, годинава падна до деветтото место со проценет нето капитал од 25,7 милијарди долари. Неговото богатство за една година се намалило за 29 отсто, а минатата 2021-ва Џек Ма беше рангиран на петтото место.
Според податоците на Hurun, бројот на оние во Кина со сопственост поголема од 10 милијарди долари се намалила од 56 од 29 луѓе. Вкупниот број милијардери, изразено во американски долари, се намалил од 946 на 239 Кинези.
Бројот на Кинезите чиешто богатство надминува пет милијарди јуани, односно 710 милиони долари, се намалил за една година за 11 отсто, на 1.305 луѓе. Нивното вкупно богатство во текот на годинава, исто така, се намалило, и тоа за 18 отсто, на 3,5 трилиони долари.
Листата е составена според деловните податоци и процени до 15-ти септември.