
Ракомерките на ЖРК Куманово славеа над ЖРК Вардар со 28:18 во финалниот меч во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Кумановки го потврдија статусот на фаворитки и успеаа да го одбранат трофејот кој го освоија пред две години.
Првиот дел донесе далеку подобра, поизедначена игра во која Куманово се избори за предност од 12-9 во салата Автокоманда во Скопје.
Сосема заслужено трофејот заврши во рацете на Кумановки во чии редови најдобар стрелец беше Јануловска со шест гола.