Ракометаркитена ЖРК Вардар СЦБТ запиша блескав момент во историјата на македонскиот женски ракомет.
Избраничките на тренерката Индира Кастратовиќ, во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите, успеаја да се пласираат меѓу најдобрите четири тима во Европа. Црвено-црните во последното коло од главната фаза во Група 1 на домашен терен го победија шведскиот шампион Савехоф со 24:18 (11:9).
Голманката Ина Суслина со 19 одбрани го обележа дуелот, во кој најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ беше најефикасна со 7 голови На листата на стрелци по 4 гола запишаа Алисон Пино, Татјана Хмирова и Јованка Радичевиќ .
Вардарки како првопласирани од првата група ќе патуваат на фајнл форот во Будимпешта. Тие се лидери со 8 бодови, пред Митјиланд кој со домашната победа над Турингер со 26:20 се искачи на второто место со 7 бодови , колку што има и Турингер, кој остана трет заради послабата гол разлика.