ЖРК Вардар се засилува со данска репрезентативка

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, Вардар следната сезона во своите редови ќе ја има Кристина Кристијансен.

25-годишната Кристијансен настапува на централната бековска позиција. Таа е стандардна данска репрезентативка и актуелен играч на Холстебрo, каде ќе остане до крајот на сезоната.

Ова е првото засилување за „црвено-црните“ по доаѓањето на новиот член на стручниот штаб, Данецот Јан Питлик.

Се очекува Вардар во следниот период да договори упте некое засилување.