Жртвите на нападите врз џамиите на Нов Зеланд се соочуваат со напаѓачот

Преживеаните од нападите на џамиите на Нов Зеланд се соочуваат во понеделникот во судницата со младиот маж кој во убиствениот поход минатата година усмрти 51 лице.

Двесет и деветгодишниот Австралиец Брентон Тарант во понеделникот беше изведен на рочиштетот во судот во Крисчрч на кое треба да се изрече казната откако во март ја призна вината по 51 точка од обвиниението за убиство, 40 за обиди за убиство и една за тероризам.

Поради ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирусот, во судницата беше ограничен бројот на присутните, па е организиран пренос во живо за околу 300 лица од 15 земји со преводи на осум јазици.

Судијата Камерон Мандер објави дека примил 200 искази на настраданите за влијанието на ова злосторство, како и поднесоци од муслиманската заедница. Додаде дека сите лично ги прочитал.

Темел Атачочугу, погоден бил со девет куршуми на 15-ти март 2019 година, од кога не може да работи. „Додека лежев под телата мислев дека ќе умрам. Знаев дека нема денеска да бидам тука доколку се помрднев“, наведува оваа жртва“.

Шест куршуми му се извадени, но три сѐ уште се во неговото тело. „Не гледам пред себе иднина без болки. Но решителен сум да најдам позитивен пат или со работа да ја надвладеам болката“, изјави Атачочугу.

Во судницата беше прочитана и изјавата на Кадир Хабиб, татко на убиениот Озаир Кадир. Младиот Кадир на Нов Зеланд дошол, како што рече таткото, за да го исполни животниот сон да стане пилот.

„Замина од дома на 250ти март 2018-та во потрага по подобар живот. Се врати на 25-ти март 2019-та во сандак“, напишал Хабиб.

Синот на Џејн Езат, Хусеин ал-Умари е меѓу убиените. „Плачам по него секо ден“, изјави. Свртувајќи се кон Тарант рече дека има само еден излез, а тоа е да му прости.

Фара Камал, вровица на Елајаин Камал, изјави дека со ќерките морала да научи да живеат со празнината.

Обвинителот потсети на 44-те убиени во џамијата Ал Нур и на седумте убиени во исламскиот центар Линвуд, и додаде дека Тарант, вооружен со повеќе парчиња оружје, дошол на овие места за да сее страв. Додаде дека планирал да ги запали џамиите по нападите кои ги пренесуваше во живо на социјалните мрежи со камера прицврстена на себе.

Се очекува пред судот да се обратат 66 жртви во текот на четирдневното рочиште пред судијата Мандер да ја изрече казната. На Нов Зеланд за убиство најкратката предвидена казна е десет години, а судот може да одреди доживотен затвор без можност за помилување. Досега во оваа земја никогаш не е изречена ваквата казна.