Денеска е 13-ти ноември 2022 година, 78 години од Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, нека ни е честит денот, почитувани скопјанки и скопјани, рече Јелена Жугиќ, претседател на Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот настан по повод одбележување на 78 години од ослободувањето на Скопје под слоганот „Слободата не се подарува, се освојува“.
Таа во текот на своето обраќање посочи дека градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собра денес да оддаде признание и длабока почит на борците за слобода родум од Скопје и скопскиот регион.
„Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собра денес овде во паркот посветен на жената борец да оддаде признание и длабока почит на борците за слобода, родум од Скопје и скопскиот регион, на сите нив кои ги дадоа своите животи за ослободување на Скопје и за победа на народно ослободителната војска над фашизмот“, реќе Жугиќ.
Потсети дека денешниот ден еден од најзначајните во историјата на Скопје и тежината на овој ден обврзува на лојалност кон градот.
„13-ти ноември е еден од најзначајните денови во историјата на Скопје и тежината на овој ден не обврзува на лојалност кон градот и суштински не потсетува колку е скапа слободата која ја живееме ние денес во Република Македонија. Слободата не ни е подарена, таа е освоена од хероите кои животот го дадоа за неа. Денес, можеби за прв пат на едно место и во исто време ќе се потсетиме на сите 460 борци за слобода од Скопје и од скопскиот регион“, рече Жугиќ.
Во текот на своето обраќање Жугиќ и членките на градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги прочитаа имињата на борците кои што загинаа за ослободување на градот Скопје.
На крајот од настанот во духот на празникот 13-ти Ноември членките на градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ поделија цвеќиња на случајни минувачи низ паркот „Жена борец“ и им честитаат среќен празник. Исто така и делегација од градскиот комитет положија 78 каранфили во знак на 78 години од ослободувањето на Скопје на споменикот на Жена борец.