Зијадин Села домаќин на претставници на косовското Самоопределување

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, се сретнал со високи претставници од Движењето Самоопределување од Косово.

На средбата одржана во Струга присуствувале Беким Ќоку, член на Генералниот совет на Самоопределување, Глаук Коњуфца и Мефаил Бајќинофцин.

Според порталите на албански јазик, тема на разговарор била соработката меѓу Алијанса и Самоопределување.

Неодамна косовски медиуми информираа дека Самоопределување ќе дејствува и во Македонија и тоа преку претставници на Алијансата за Албанците.

Од Алијансата тогаш не ја потврдија информацијата дека преку нивни членови Самоопределување влегува во Македонија, но напоменаа дека Алијансата и Самоопределување, односно Села и лидерот на косовското движење Албин Курти одлично соработуваат и дека дејствувањето на косовската партија во земјава би било ветер во грбот на тукашните опозициски партии на Албанците.