Тим на Народниот правобранител ќе го посети МВР да изврши увид како функционира издавањето на лични документи. Во меѓувреме расте бројот на претставки пред Народниот правобранител еднакво на притисокот на шалтерите. Граѓаните се жалат на бројни прекршувања на нивните права. Зибери ги повикува сите кои се засегнати да се обратат во канцеларијата на Омбудсманот за да добијат правна помош и поддршка.
Доколку се запази динамиката и доколку обрасците за новите пасоши стигаат континуирано, а процесот се оптимизира на 3.000 дневно тогаш може да се очекува дека замената на пасошите би можело да заврши до крајот на годината.
Надлежните располагаат со две машини за печатење кои се со капацитет на издавање од 3.000 пасоши дневно, но ако се земе предвид дека тука ќе има печатење и на пасоши од тип Б тогаш процесот ќе биде поспор, а капацитетот ќе се сведи на 2.800.
Според математиките на техничкиот министер Тошковски под сегашните услови месечно може да се стигне до бројка од 75 илјади пасоши.
Дополнителна машина нема да може да се обезбеди бидејќи земјава е во процес на избори, а набавката би траела долго… Во моментов за промена на патни исправи чекаат 650 илјади граѓани кои на располагање имаат пасоши со старото уставно име.
МВР меѓувреме спроведува внатрешна контрола за да открие зошто испораката на обрасци доцни. Рокот за промена на патните исправи со новото уставно име заврши на 12ти февруари, а договореното од Преспанскиот договор веќе се применува во пракса во голем дел земји од светот.
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека денеска добил допис од Комитетот за патни исправи на Европската комисија во кој се вели дека земјите на ЕУ ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани кои во моментов се надвор од државата и нема да прави проблем доколку граѓани на Република Северна Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.