Зибери смета дека коронавирусот се појавил во Македонија уште лани

Новиот тип коронавирус во Македонија не дошол од пред два месеца, вели во разговрот за телевизијата Канал 5 директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери и според него голема е веројатноста оти вирусот во земјава бил присутен и минатата година, а по стивнувањето на епидемијата ќе се истражува кој е нултиот пациент.

Според него, голема е веројатноста оти вирусот во земјава бил присутен и лани. Кој е првиот Македонец заразен од смртоносниот коронавирус, е прашање кое ќе се одговори откако епидемијата ќе стивне.

Зибери тврди оти Центарот за јавно здравје располага со доволен број на здравствени работници што работат во тимови, а дежураат и во вечерните часови. Засега помеѓу лекарите и останатиот медицински персонал кои го сочинуваат Центарот за јавно здравје, нема заболени.

Директорот на Центарот додава оти во земјава се прават доволно тестови за КОВИД 19. Па според него, Македонија е лидер во регионот по бројот на земени брисеви за коронавирусот.