Зибери: Тешка година за учениците- кривична пријава за тортура врз затворениците

Камерите прегледани,извештајот готов – народниот правобранител констатирал повреда на правата на затворениците од затворот Идризово. На сила биле вадени од кревети,тепани и врзувани од страна на припадниците на МВР. Ова се само дел од собраните доказите и прекршоци со кои омбудсманот Зибери ќе поднесе кривична пријава за тортура против специјалците и затворските службеници.

„Биле врзани и извадени во ходниците каде биле оставени да клечат со врзани раце. По кажување на затворениците тие биле принудени да ги исчистат просториите од искршените предмети од претресот и дејствувањето на полицијата и при спроведување на акцијата за собирање и чистење, повремено биле удрени од полицијата. Од увидот кај осудените лица беа констатирани видливи повреди“, вели Насер Зибери народен правобранител.

По настанот лекарска помош побарале над 60 осуденици, додава Зибери.

„При влегувањето на  полицијата во просториите истата не се соочила со отпор од страна на осудените лица за да употреби физичка сила. Исто така, откако се прегледани ќелиите дел од затворениците се врзани, значи совладани а полицијата продолжила со употреба на физичка сила и како што споменав во изјавите на затворениците а тоа се потврдува и од видео записите при расчистување и собирање на скршените уреди полицијата продолжува да мава по затворениците“, вели Насер Зибери народен правобранител.

Извештајот на Зибери негира дека затворениците дале отпор. Затворски раководни лица за Телма велат дека треба да се земат предвид изјавите и на затворската служба, бидејќи и десетммина полуицајци настрадале при претресот, а биле и спречени да си ја вршат работата. Годишниот извештај на народниот правобранител констатира и прекршување на правото на образование за учениците што не ги добија навреме свидетелствата, учебниците, а прекршени права се констатирани за учениците во Гази Баба, Велес и во Чашка, каде што на некои ученици не им било дозволено образование на мајчин албански јазик. Тешка година и за граѓаните кои чекаат да добијат лични документи по основ на имот, а решението го чекаат со законските измени во собрание кои повеќе од една година чекаат да дојдат на ред.