Легендарниот репрезентативец на Бразил, Зико, е убеден дека победничкиот пехар на престојниот Мундијал во неговата татковина ќе биде освоен од една репрезентација која е престставник на Јужна Америка.
„Ако се биде во најдобар ред, тука мислам на повредите и на најважните фудбалери, тогаш Бразил е еден од најголемите фаворити за победничкиот пехар. Најголеми ривали на Бразил? Аргентина, најмногу поради Лионел Меси и Уругвај кој ќе нападне со напаѓачкото трио Кавани-Суарез-Форлан. Мислам дека победничкиот пехар ќе остане на ова тло, ќе биде освоен од една репрезентација која е претставник на Јужна Америка”, изјави Зико.