Циметот (Cinnamomum verum) е зачин кој се добива од кората на циметовото зимзелено дрво и потекнува од Цејлон, Шри Ланка, а се споменува и во записите на старите Египќани кои го користеле како средство за балсамирање.
Во минатото, овој зачин се наоѓал во мали количини и затоа имал висока цена, но и покрај ова бил широко употребуван бидејќи неговите лековити својства биле многу добро познати. Поради големата вредност бил дури споредуван и со златото. Денес, циметот има широк спектар на употреба и претставува синоним за уживање во зимските денови и ладната зима.
Покрај оптималните услови во Шри Ланка, моментално најмногу се одгледува и во Кина, Индија и Индонезија. Кај нас, иако нема услови за одгледување на циметовото дрво сепак многу се користи, и тоа во форма на прав или самата кора.
Зимзеленото дрво од цимет припаѓа на фамилијата на ловори (Lauraceae) и во кората изобилува со драгоцени лековити својства. Внатрешниот слој на кората на младите гранки механички се отстранува и се суши за производство на вкусни и лековити зачини.
Циметот е одличен извор на јаглехидрати, протеини и диетални влакна. Изобилува со најважните минерели како што се манган, калциум, железо, бакар и цинк, а ги содржи и витамините Ц, К, Б2 (пиридоксин) и Б6 (рибофлавин). Овој зачин е богат и со антиоксиданси и феноли, кои се незаменливи во борбата против инфекции во организмот.
Денес, разликуваме два вида од овој познат зачин: цејлонски и кинески цимет. Древната кинеска медицина користела цејлонски цимет за лечење настинки, главоболки, слабост на организмот и мачнини, но, современите истражувања потврдуваат дека и цејлонскиот вид има неверојатно позитивно влијание на здравјето на човекот.
Во прилог, набројуваме неколку здравствени придобивки од редовната употреба на циметот….
Го зајакнува имунитетот
Комбинацијата на мед и цимет се користи како природен лек многу години. Лажица мед и една четвртина лажичка цимет растворени во чаша со топла вода го подобруваат имунитетот и го штитат телото од вируси и бактерии.
Ја стимулира мозочната активност
Истражувањата покажале дека мирисот на цимет позитивно влијае на когнитивните способности, значително ја подобрува концентрацијата и ја зголемува будноста. Добар предлог е да набавите свеќи со циметен мирис.
Ги намалува нивото на шеќер и холестеролот во крвта
Според низа спроведени истражувања, докажано е дека со редовна употреба на цимет можно е драстично да се намали нивото на шеќер и лошиот холестерол (LDL) во крвта. Во една неодамнешна студија учествувале лица со дијабетес тип 2, кои консумирале еден до шест грама цимет дневно. Нивниот холестерол бил намален за 18 отсто, а нивното на шеќер за 24 отсо.
Ги ублажува менструалните болки
Жените кои страдаат од силни менструални болки би требало да го зголемат внесот на цимет. Со редовна употреба на овој зачин болките значително ќе бидат ублажени.
Ја зголемува енергијата и ја подобрува циркулацијата
Се чувствувате заморено и без енергија? Напијте се шолја чај со половина лажичка цимет. Оваа мешавина освен што ја зголемува виталноста, таа ја подобрува и циркулацијата на крвта во организмот. Особено е корисна за лица на кои нозете секогаш им се ладни.
Го елиминира ’нападот’ на глад
Циметот го регулира шеќерот во крвта и со тоа го елиминира чувството на глад. Нутриционистите препорачуваат ужинка од печени јаболка зачинети со цимет. Комбинацијата на цимет и јаболко има многу предности. Докажано е дека луѓето кои редовно консумираат јаболка со цимет имаат помалку масти во телото.
Има позитивен ефект на оптипацијата
Циметот е одличен извор на диетални влакна кои им помагаат на луѓето кои страдаат од запек или затвор, а исто така помага и во случај на синдромот на иритирано дебело црево. Се верува дека со редовна употреба на минимални количества на цимет има позитивен ефект во борбата со гастроинтестинални заболувања.