Во текот на ноќта во одделни општини на Западна Србија врнеше снег. Во Ивањица и Пријепоље се уништени големи површини со малини, додека во Нова Варош е студено како во зима, пишува „Танјуг“.
Жителите на овие општини стравуваат за овошните и за градинарските насади, а поради снегот одделни планински села од утрово се во мрак.
Во Нова Варош, градот што се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина дебелината на снежната покривка изнесува околу 4-5 сантиметри, додека на повисоките места има и до 10 сантиметри снег, јавуваат српските медиуми.