Претседателот на францускиот прволигаш Бордо, Жан-Луис Триауд, пријатно ги изненади најверните фанови со изјавата дека легендарниот репрезентативец на Франција и поранеше капитен на Бордо, Зинедин Зидан, најверојатно ќе седне во тренерската фотеља.
„Бордо ја започна потрагата по нов тренер и не можам, не сакам да ја скоријам информацијата дека преговараме со Зинедин Зидан. За да има некакви преговори, тренерот мора прво да ги прифати нашите побарувања, нашите предлози. Рано е за давање некоја оценка, се што можам да кажам дека преговорите се водат по еден нормален тек”, изјави претседателот на Бордо.
Зинедин Зидан во изминатата сезона ја имаше улогата на прв асистент на актуелниот тренер на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти, но пред неколку недели изјави дека е подготвен за тренерскиот предизвик.