Жител на Зајас пријавен за семејно насилство со телесни повреди

Жител на кичевското село Зајас е пријавен за семејно насилство кое го вршел во подолг период, а кое резултирало со телесни повреди на неговата сопруга, која досега не ги пријавувала ваквите напади.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ш.С. од кичевското село Зајас.

Прријавениот во подолг временски период во семејниот дом на различни начини телесно ја повредувал и физички ја малтретирал неговата сопруга, којашто нападите не ги пријавувала.

Последниот телесен напад се случил на 6 јуни, околу 10,30 часот кога пријавениот започнал жестока караница со сопругата а потоа и физички ја нападнал. Од здобиените удари, оштетената се здобила со видливи телесни повреди коишто се константирани во соодветна медицинска белешка од лекар во Општата болница во Кичево.