Министерот за здравство Никола Тодоров денес оствари работна посета на селото Горно Агларци, во рамки на работната посета на општина Новаци, каде се сретна со локалното население.
Ова населено место е опфатено со проектот Подвижна аптека, со што од почетокот на месецов жителите ги добиваат потребните лекови во своето место на живеење, со посебно возило – подвижна аптека.
Овој проект овозможи значаен бенефит за жителите од регионот, кои досега мораа да патуваат до поголемите населени места за потребните лекови.