Жителите на општина Јегуновце гневни затоа што шест месеци чекаат на потписот на техничката министерка за труд и социјала Фросина Ременски за да биде отворена новата детска градинка во нивната општина денес излегоа на мирен протест.
Жителите на Јегуновце апелираат до совеста на Министерката да потпише без разлика на верската и партиска припадност, бидејќи, како што велат, оваа градинка е отворена за сите деца и ако сака да добие глас од граѓаните со вакво узурпирање на просторот ќе ги изгуби и тие што сакале да гласаат.
За жителите на општина Јагуновце стана вистинска голгота да го добијат тоа што им следува и што им е ветено – детска градинка! Ние веќе со месеци се справуваме со опструкциите на техничката министерка за труд и социјална политика. Пред шест месеци реагиравме затоа што Министерството не испорачува опрема за градинката и со тоа го кочи отворањата. Знаеме дека нашата општина одржуваше редовна комуникација со Министерството за труд и социјална политика и напарави се што можеше да ја забрза работата и да ја добиеме градинката. Жителите на Јагнувце бараат одговор кога кончено нивните деца ќе тргнат во градинка. Тој одговор ни го должи Фросина Ременски која доволни си поигруваше со нас и ја повикуваме да им објасни на граѓаните зошто им се одмаздува цело време и копчи проект тежок пет милиони денари во интерес на децата и родителите од Јегуновце сакаме да го решиме овој проблем иако родителите се гневни и подготвени за протести пред Министерството за труд и социјална политика. Ова е вистинското лице на СДСМ кој кочи проект за иднината на нашите деца, вели Симона Марковска жител на општина Јегуновце.
Моите две ќерки како и многу деца од општина Јегуновце кои се сега повозрасни израснаа во старата и руинирана детска градинка која за жал сите во Македонија знаат во каква состојба е . И покрај нашите заложби, до Управата на градинката од Тетово таа да биде санирана, за што дури понудивме и помош преку локалната самоуправа и преку невладини организации, но тие за жал немаа слух да создадат подобри услови за престој на нашите деца. Вината ние не ја гледаме во Управата на градинката од Тетово, бидејќи некој малоумник на времето им ги дал тие права да управуваат со градинката, но од таму, по се изгледа не ги потсетил дека и одржувањето е нивна обврска, покрај правата за нивна сопственост. Ние со години се боревме за изградба на нова градинка и сега кога имаме еден таков објект, за жал повторно се јавува некој малоумник кој го узурпира сиот тој простор и нашите права. Со години трпевме навреди и ние како родители, како и Локалната самоуправа, како и Министерството за труд и социјална политика зошто е тоа така? За жал одговор неможевме да дадеме, бидејќи бевме со такви навреди прикажани во јавноста, самата градинка беше прикажана како куќата на стравот и ужасот, ние како родители кои личиме на овци кои сме ги пуштиле нашите деца на пасење. Сега за жал се соочуваме со такво негирање кое е жално, но ќе кажам дека од самата опструкција што се води преку Министерството за труд и социјална политика влијае врз здравјето на нашите деца. Во оваа градинка нашите деца ќе доаѓаат со радост, а не како во нашето време кога со плачење ги носевме децата. Апелираме до совеста на Министерката да потпише без разлика на верската и партиска припадност, оваа градинка е отворена за сите деца и ако сака да добие глас од граѓаните со вакво узурпирање на просторот ќе ги изгуби и тие што сакале да гласаат, вели жителка на оваа општина.
Исто така, на мирниот протест беше кажано дека сите родители чиишто деца ги препраќаат во други градинки сакале да бидат дел од овој протест но биле оневозможени, бидејќи, како што велат жителите на општината, поголемиот дел од нив се вработени во Југохром и во други институции каде што раководители и сопственици се од СДСМ кои што им се заканиле со отпуштање од работа.
Инаку ова е втор пат жителите на Јегуновце револтирани да бараат градинката која им е ветена да профункционира со работа. Тие во декември минатата година исто така излегоа на мирен протест затоа што, како што велат, иако градинката требало да биде отворена за децата во октомври, истата и по шест месеци не е отпочната со работа.