Здравствениот дом денеска го посетија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на Владата. Доградена е површина од 270 метри квадратни на постоечките 170.
Во склоп на Здравствениот дом од минатата година на барање на жителите функционира итна медицинска помош. Жителите изразија благодарност за реализираниот проект, бидејќи според нив стариот објект не ги задоволувал потребите на населението.
– Задоволство ми е што сум тука на завршен објект кој беше ветен и реализиран. Ние не ветуваме лесно, но кога ќе ветиме ја завршуваме работата, рече Груевски.
Груевски оствари средба и со жителите на Лабуништа на која тие побараа санација на слечиштето кај амбулантата во село Бороец за што беше посочено дека во изработка е проект и до крајот на годината ќе почне изградбата.
Според жителите итната медицинска помош во едно деноноќие има и по триесетина пациенти што е многу спасени животи и подобра здравствена заштита и поквалитетен живот на граѓаните.