По скоро две недели, околу пет илјади хектари околу албанскиот град Скадар се’ уште се под вода поради врнежите од дожд и топењето на снег. Десетици населени места се обиколени со вода, а жителите апелираат за помош, за кои по се изгледа дека централната власт во рацете на Еди Рама нема слух, објавува порталот „Инсајдер“.
Во овие услуви, Арбен Цени, администраторот на општинската единица „Ana e Malit“ изјави дека „ако никој не може да направи ништо за Скадар, тогаш да излезат граѓаните и сами да менаџираат со земјата“, и побара прогласување на автономија на Скадар.
Скадар со овие ресурси што ги има може да ја добие автономијата. Трите хидроцентрали се во Округот на Скадар, го имаме Тети ( многу древна населба која е поврзана со Илирското племе Лабат), ја имаме најдобра плажа во Албанија – Велипоја, го имаме најголемо езеро во Албанија и на Балканот да го земеме како следно во низа. Со сите овие се ресурси ние немаме потреба да бидеме зависни. Ние бараме како Каталонија, да се одвоиме и ние и да управуваме со нашата земја Скадар, изјавил Арбен Цени.
Тој дополнил дека на тој начин барем нема никого да обвинуваат за неприликите кои би им се случиле.
Зошто да го изложуваме на секирации премиерот. Тој да продолжи да работи со Вјоса и Семан, и да не се занимава со Дрим и со овие територии, рекол Цени.