Животот го загуби 33-годишен мотоциклист од Прилеп

Во сообраќајна несреќа животот го загуби 33-годишен мотоциклист од Прилеп.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот во Прилеп, а во неа настрада Влатко Трајкоски- Лацио од Прилеп, роден 1982 година.

Според Ристо Шошески, основен јавен обвинител, несреќата се случила кај бензинската пумпа на „Лукоул“ на влезот во Прилеп од Плетвар околу пет часот изутрината.

– Од засега непознати причини, Трајкоски со својот мотоцикл удрил во големото пано на бензинската пумпа на „Лукоил“ излетал и на место го загубил животот. Наредена е обдукција за да се утврдат причините на смртта, вели Шошески.

Увид на местото на несреќата извршија полицијата и основен јавен обвините.