Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ е во лоша финансиска состојба веќе подолго време, односно четири месеци веќе не може да ги исплати своите обврски и е со блокирана сметка.
Пред Основен суд Битола на 14.11.2024 година е поднесен предлог за отворање на стечајна постапка на предлог на доверителот Бетон ДООЕЛ Штип, по кој е поведена постапка Ст.бр.152/24 и по кој постапува судијата Татјана Митревска.
Со оглед дека комбинатот неспорно е неликвиден, неспособен за плаќање, односно не е во состојба да ги подмирува доспеаните обврски и е со блокирана сметка повеќе од 45 дена, сосема е очекувано дека над истиот ќе биде отворена стечајна постапка во најскоро време.