По неколкумесечни напорни преговори, првата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан на уште една година.
Швеѓанецот одлучи да остане за да му помогне на тимот да се врати во Лигата на шампионите, а навивачите се надеваат дека ќе биде освоен и барем еден трофеј.
„Многу сум среќен, конечно се е во ред. Останувам таму каде што се чувствувам како дома и сега можеме да продолжиме. Секогаш зборував дека не сум во екипата за да бидам маскота, туку за да донесам резултат и да го вратам Милан на местото каде што заслужува да биде. Имавме шест добри месеци, но уште ништо не освоивме“, изјави Ибрахимовиќ.
https://twitter.com/acmilan/status/1300018192354549760?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1300018192354549760%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Fzavrshena-rabota-potpisha-ibrahimovik%2F
Тој се врати во Милан во јануари годинава и оттогаш постигна десет гола на 18 натпревари. Сепак, не успеа да го однесе тимот во Лигата на шампионите каде Милан не играл од 2014 година.