На 27. Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори У21 викендот во Анталија, Турција, Фахик Весели освои злато во категоријата У21 до 67 кг, додека кадетот Бојан Костов во категоријата до 52 кг освои бронзен медал.
Од вкупно другите шест македонски каратисти, за издвојување се пласманите на Доан Османи во категоријата У21 до 75 кг – петто место, во категоријата ката јуниорката Владанка Аврамова го освои петтото место, додека Јована Манчевска исто така беше петта во категоријата ката кадети.
„Во рамките на Медитеранското првенство се одржа и Конгрес на МКФУ на кој Горан Милковски беше избран за член на Извршниот комитет со мандат од 4 години, а претседател останува Бекир Шериф од Тунис кој е и потпретседател на Светската карате федерација, информираат од Карате федерацијата на Македонија