Непознат сторител синоќа во период од од 21 часот до 23:30 часот украл 20.000 евра и златен накит од куќа во скопското село Стајковци.
МВР информира дека кражбата еден час по полноќ ја пријавил Н.З.(45), сопственик на куќата.
Имено сторителот со употреба на погоден предмет и физичка сила ја отворил балконската врата, влегол внатре во куќата и ги пронашол и одзел наведените предмети. Се работи на целосно расчистување на случајот.