Златев: Власта со пропаганда се обидува да го оцрни Христијан Мицкоски за да оневозможи идна промена на власта

Новинарот и уредник на Лидер Љупчо Златев, синоќа во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, ја критикуваше власта дека се обидува да го оцрни Христијан Мицкоски со пропаганда која првенствено доаѓа од медиумите блиски до власта, за да ја подели моменталната опозиција во државата за да се оневозможи идна промена на власта.

“Власта преку пропаганда се обидува да ја оцрни опозицијата дека таа е виновна за се она што се случува, не знам дали сведочите за тоа под каков медиумски напад се наоѓа господинот Христијан Мицкоски, од тоа дека тој е најлош и зло за Македонија, сето тоа би било нормално кога би доаѓало од политичари од СДСМ, но не од медиуми, кои работат на агенда да го претстават Мицкоски како вампир, но тој и најлош да е ние треба да бидеме свесни дека Мицкоски не е власт во оваа држава и не може да биде одговорен за никакви промашувања“, истакна Златев.

Потсетува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема пристап до буџетските средства, оти Заев е тој што располага со четири милијарди годишно и проди тоа Мицкоски не може да има одговорност сѐ додека не дојде на власт.

„Не може Мицкоски да претставува тема за критика од јавен интерес кога тој не е власт во оваа држава, проблемот е тоа што никој не ја критикува власта, видете го наративот Телма вади анкета за која тврдам дека е фингирана, за лидерот на Левица Апасиев, кој наводно има поголем рејтинг од Мицкоски, а двајцата се позади Зоран Заев, за која анкета треба Левица и ВМРО-ДПМНЕ да влезат во конфликт и опозицискиот блок да се подели затоа што видовме одредена нивна колаборација, прво Телма вади анкета и ја почнува пропагандата, а Заев  од собраниската говорница праша друг опозициски лидер дали заедно соработувале за да се намалат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Златев.

Објасни дека прво медиумот ја почнува пропагандата која политичарот Заев ја продолжува „за да сега сите вмровци се залепат дека некој се договарал со Заев, се оди на тоа опозицијата да влезе во конфликт за да се случи оневозможување на некоја идна промена на власта“.