![zlatko marin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/zlatko-marin.jpg?resize=640%2C386&ssl=1)
Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Златко Марин, и натаму се служи со празни предизборни ветувања и притисоци врз одредени фирми во обидот да го избегне поразот на локалните избори, обвинуваат жителите на оваа скопска општина преку социјалните мрежи.
Според објавата на фејсбук профилот „Аеродром во моето срце“, социјалдемократскиот кандидат Златко Марин продолжува со собирање пари по градежните фирми, „со ветување дека по избори ќе дели ексклузивни локации за градба, на сите оние коишто дале пари за него и неговата кампања“.
„Марин има земено неколку илјади евра од градежната фирма, Изградба Комерц, плус пропаганден материјал, кој што ќе го изготвува истата фирма за потребите на СДС за локалните избори“, се наведува на објавата.
Претходно Фејсбук групата „Аеродром во моето срце“ обвини дека продолжува заплашувањето на кафеаните во Аеродром, дека Златко Марин продолжува со уцени и заплашувања низ општината.
Тие наведуваат дека Марин обезбедил бесплатни гозби за него и неговата екипа во две кафеани во општината, во текот на изборниот период, со ветување дека по изборите доколку ја добие локалната власт ќе ги легализира нивните објекти, но и дека нема да стапне инспекција во нивните локали, сз додека СДСМ е на власт.
Инаку веќе имаше примери во Аеродром, каде што власта на СДСМ ја користеше својата моќ со испекциите, па две кафулиња кои се бренд на населбата и Општина Аеродром беа затворени, бидејќи имаа шеќерчиња со логото на Општина Аеродром.
Истата фејсбук група наведувајќи дека поседува докази, обвинува и дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Златко Марин, продолжува да прави рекет низ Аеродром.
„Златко Марин, продолжува со рекетот врз фирмите во Аеродром, овој пат на удар …… , од кои биле изрекетирани десетици илјади евра и целосна компјутерска опрема за штабовите на СДСМ во Аеродром. Со ветување дека при евентуално преземање на општината, сите работи во делот на информатичката технологија и системи ќе ги работи оваа фирма. Екипа на „Аеродром во моето срце“ поседува докази, кои ќе бидат наскоро објавени“, обелодени оваа ФБ група.