Ултрадесничарската грчка политичка партија Златна зора ќе остане без државно финансирање, бидејќи Државниот совет на Грција го отфрли барањето против прекратувањето на нејзиното финансирање. Државното субвенционирање на Златна зора беше замрзнато во 2013 година, кога се откри скандалот дека лидерот и дел од членството се припадници на организирана криминална група.
За истото обвинение, четири на пратеници на Златна зора им беше одземен имунитетот и врз нив започна спроведување на судска истрага.
Грчката полиција ја прошири истрагата врз членовите на Златна зора во септември 2013 година, кога на плоштадот во Атина беше убиен еден музичар.