Златниот лав во Венеција за „Џокер“

ANSA/CLAUDIO ONORATI

Мрачната драма „Џокер“ (Joker) на режисерот Тод Филипс, за потеклото на негативецот од серијалот за стрип-јунакот Бетмен, во саботата вечерта е добитник на Златниот лав на 76-то издание на Венецискиот филмски фестивал, се наведува во објавата на официјалниот сајт на најстарат филмска смотра во светот.

Ликот на најголемиот непријател на Бетмен го толкува Хоакин Феникс, а за оваа ролја доби и одлични критики. Филмот ја следи трансфорамцијата на Џокер од ранлив самотник до самоуверен негативец.

„Сите знаат дека филмот е заеднички производ, и сакам да ѝ се заблагодарама на целата екипа и на актерите. Но овој нема да би бил без Гоакин Феникс“, рече Филипс чиј филм се натрпеваруваше во конкуренција со уште 20 остварувања.

Воената држава на Роман Полански „Обвинувам“ (J’accuse) го освои Сребрениот лав, односно Големата награда на жирито. Станува збор за филмот кој зборува за антисемитската „афера Драјфус“во Франција кога француски офицер е осуден за шпионирање во полза на Германија што по долги години е побиено а датира од крајот на XIX. Ставањето на филмот во конкуренцијата на филмскиот фестивал во Венеција предизвика полемија поради судскиот прогон на сега 86-годишниот француски режисер од полско потекло Полански кој е обвинет за силување малолетничка во 1977 година во САД. Поради можноста да биде екстрадиран во САД, Полански не присуствуваше на смотрата.

Вториот Златен лав на Свети Марко, му е доделен на шведскиот режисер Рој Андерсон за филмот „За бесконечноста“(About Endlessness).

Добитник на Пехарот Волпи, односно за најдобра актерка е прогласена 64-годишната француска актека Ариана Аскарид за филмот „Глорија Мунди“ во францускиот филм „Молитва во името на Бога“(Gloria Mundi), во режија на Робер ГуЗедидиен.

За најдобар актер е прогласен Италијанецот Лука Маринели за улогата во филмот „Мартин Иден“ (Martin Eden) во режија на Пјетро Марчело. Станува збор за адаптација на истоимениот роман на американскиот писател Џек Лондон, но дејствието е пренесено во Неапол на почетокот од XX век.

Наградата за најдобро сценарио му припадна на Јунфан од Хонгконг за филмот „Бројот 7 на улицата Чери Лејн“ (N°7 Cherry Lane). Јунфан истовремено е сценарист, режисер и уметнички директор на ова остварување кое се занимава со историјата на Хонгконг.

Специјалната награда на жирито ја доби филмот „Мафијата не е повеќе она што беше“ (La Mafia Non è Piu Quella Di Una Volta), а автор на ова документаристичко дело е Италијанецот Франко Мареско.

Наградата која го носи името на славниот италијански актер Марчело Мастројани која се доделува на најдобриот млад актер/актерка, припадна на Тоби Валас за вилнот „Babyteeth“, на режисерката Шенон Марфи.

Златниот лав за животно дело го добија шпанскиот режисер Педри Алдомовар и британската актерка Џули Ендрјус.