Цените на златото се стабилизираа на меѓународните пазари во средата, бидејќи инвеститорите во потрага по безбедно засолниште за капиталот во период на ескалација на тензиите на Блискиот исток пренасочија дел од своите средства во американски долари.
Цената на златото околу пладнето во средата беше за 0,4 отсто пониска од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 2.653,26 долари за унца. Претходниот трговски ден скокна за еден процент, на 2.662,82 долари.
На почетокот од последниот период на тензиите на Блискиот исток минатиот четврток, златото достигна рекордно високо ниво од 2.685,42 долари.
На американскиот пазар со златото денеска се тргуваше во терминските до говор (фјучерси) по 0,6 отсто пониска цена, по 2.674 долари за унца. Вчера го затвори тргувањето со добивка од 0,9 отсто.
Инвеститорите почнаа да купуваат злато во вторникот по индициите дека Иран можеби се подготвува да го нападне Израел, по бранот напади врз воени и политички претставници од либанскиот Хезболах во последните седмици и пораката на израелскиот премиер до „иранскиот народ“ дека тие можат „да стигнат до секое ќоше на Блискиот исток“, за да би ги „заштитиле својот народ и својата земја“.
Иран вчера вечерта изврши ракетен напад врз Израел, а во средата објави дека неговиот одговор е целосен. Тел Авив, пак, најави „последици“.
Во средата поскапувањето на златото го запре бранот откуп на долар, кој инвеститорите го сметаат и за безбедно засолниште во време на криза.
„Цената на златото е само под краткорочен притисок поради посилниот долар, но опкружувањето останува исклучително поволно за златото“, изјави Карло Алберто Де Каса.
Од почетокот на годината цените на златото пораснаа за 28 отсто, поттикнати, меѓу другото, и од олабавувањето на американската монетарна политика.
Цените на платината, пак, денеска се зголемија за еден процент, достигнувајќи 995,95 долари. Цената на паладиумот порасна уште посилно, за 1,6 отсто, на 1.010,24 долари.
Најскромно денеска порасна цената на среброто, за 0,1 отсто, на 31,43 долари.
Американската централна банка ги намали клучните каматни стапки за половина процентен поен во септември, при што претседателот Џером Пауел заклучи дека борбата против инфлацијата е завршена. Централната банка сигнализираше дека сега ќе го насочи својот фокус на пазарот на трудот, со оглед на зголемената проценка на стапката на невработеност годинава за 0,4 процентни поени, на 4,4 отсто.
Вниманието на трговците сега е свртено кон септемврискиот извештај за работни места во САД што треба да излезе во петок.
Во август вработеноста забрза, но остана значително под месечниот просек од пред една година. Стапката на невработеност остана на 4,2 отсто, блиску до највисокото ниво од октомври 2021 година, со приближно 7,1 милион невработени, околу 800 илјади повеќе отколку во август 2023 година.