![змејковски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/zmejkovski.jpg?resize=638%2C350&ssl=1)
Новите промени во статутот кои денеска беа промовирани по седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според Борис Змејковски, првиот генерален секретар на партијата, биле и повеќе од потребни.
Вели дека овие промени биле потребни бидејќи тоа се промените на новото време. Посебно се осврна на тоа дека новиот Статут предвидува и Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци на партијата.
Според изјавата на Змејковски за со Унијата на ветерани се дава должна почит на оние кои го понесоа првиот товар во Македонија и оние кои се бореа за идеалите на државата и партијата. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ, вели Змејковски, за многубројното членство значи споделување на заедничката идеологија.
На овој начин ќе се врати Унијата на ветераните и старото партиско членство кои со своето искуство и знаење можат многу да придонесат.
Со новиот Статут, вели Змејковски, се демократизира партијата и се доведува на ранг на европските партии .
Дава поддршка и за новитетот кој го донесе партијата, а тоа е што се дава можност на членството директно да учествува во изборот на претседатели на Општинските Комитети.
Според него, фактот што секој член ќе придонесува за изборот е позитивен чекор.
Змејковски оценува дека сега гласот на партискиот член ќе биде посилен од било кога. Оваа негова изјава ја темели со измените кои ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги најави, а тоа е дека мандатот на претседателот ќе биде во ограничен број.