Во првите шест месеци од 2022 година бројот на илегалните преминувања на границите на Германија изнесува 36.100, што е за 47 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, објави весникот Welt am Sonntag, повикувајќи се на доверлив документ на германските безбедносни агенции.
Во документот во кој увид имале новинарите, како што се наведува, забележан е „рапиден раст“ на илегалните преминувања на германските граници.
„Зголемувањето на бројот (на мигрантите) е поврзано со натамошното олеснување на ограничувањата за патување во Европа, наметнати во заднината на пандемијата“ на коронавирусот, истакнало во документот германското Министерство за внатрешни работи.
Натаму во документот се наведува дека најголемиот дел од илегалните мигранти во Германија преку ткн балканска рута. Покрај тоа, се забележува дека станува збор главно за бегалци од Сирија, Авганистан, Турција, Ирак и Тунис. Многу е веројатно дека бројот мигранти кои пристигнуваат во Германија е многу поголем, бидејќи проверките на оние го влегуваат во земјата се прави по случаен избор, се наведува во написот.
Во јануари илегално во Германија влегле 4.400 мигранти а во јули 6.900. Севкупно, во првата половина од годинава германските безбедносни агенции веќе регистрирале 36.100 нелегални премини на границите.
Истражувањето на Welt am Sonntag покажало дека главната рута за пристигнување на мигрантите минува низ земјите од Западен Балкан и централниот дел на Средоземјето. Особено голема концентрација на бегалски текови се забележани на германските граници со Австрија и со Чешка.
Претходно месецов агенцијата на Европската унија за гранична контрола Frontex објави дека во осумте месеци од 2022 година се регистрирани 188.200 случаи на нелегално преминување на границите на 27-члениот блок.