Ако се најдете во ситуација дека на секое го прегледувате профилот на Фејсбук на партнерот, како и тоа кој му ги „лајкува“ и коментира статусите, најдобро е да се одјавите и да се соберете. Едно е случајно да ја прочитате пораката на неговиот мобилен телефон, а сосема нешто друго е да барате да ги видите сите пораки на партнерот.
- Пораки на мобилен
Ако случајно видите некоја порака на мобилниот телефон на партнерот е една работа, а сосема друга е постојано да барате да ги видите сите негови пораки.
- Пораки на мобилен, втор дел
Овде се подразбира однесувањето кога од партнерот барате постојано да ви се јавува каде, со кого и слично. Можеби ќе ви звучи смешно, но постојат и такви личности. Немојте да бидете една од нив.
- Излегувања со другарите
Најверојатно се сеќавате на сцената од филмот „Како да го изгубите момчето за 10 дена“ , во која Кејт Хадсон ненајавено се појавува на покер вечерта на Метју и неговите пријатели? На момчињата им требаат паузите и вечерите резервирани за нив и за пријателите, исто како што и на девојките им требаат излегувања со нивните пријатели. Немојте да барате драма, таму каде што ја нема.
- Социјални мрежи
Ако се најдете во ситуација дека на секое го прегледувате профилот на Фејсбук на партнерот, како и тоа кој му ги „лајкува“ и коментира статусите, најдобро е да се одјавите и да се соберете.
- Единствена жена во неговиот живот
Освен во друштво на неговата мајка, сестра, вава и другите женски роднини, твоето момче нема право да биде во друштво на ниту една друга женска личност, ниту пак да се дружи со неа. Единствено што ќе постигнете со тоа е да го избркате од вашиот живот. Никој не сака да се чувствува дека некој постојано го контролира, посебно кога нема никаква причина за тоа.