Риби
Март е вашиот месец, на сите полиња, па и на поле на љубовта. Да тргнеме… Ова е период во кој што ќе зрачите, ќе ја примате топлината, енергијата и страста на Сонцето, кое е сместено во риби се до 20-ти март. Дополнително, Меркур влегува во вашиот знак на 5-ти март.
Тоа е комбинација помеѓу двете планети кои што ги разменуваат енергиите меѓусебно, со позитивен ефект на љубовта и/или бракот. И на крајот, 12-ти март ќе биде шлаг на тортата: Венера влегува во знакот риби, планетата на љубвта и доброто разбирање. Со ваквите влијанија март е одличен месец за рибите, кога станува збор за љубовта. Што ќе побарате, ќе добиете!