Веројатно премиерот Зоран Заев си здодеа и самиот себеси во убедувањето дека успешниот референдум за промена на уставното име ќе го заштити од бројните афери и скандали, па оттаму и неконтролираните изјави во текот на кампањата.
Но кога ќе се направи една ретроспектива на неговите изјави, конкретно за прашањето за промена на името, се поставува прашањето дали македонскиот премиер има сериозен проблем со амнезија или, пак, како што велат некои и од неговите соработници патолошки не ја јажува вистината.
Инфантилноста на Заев дури отиде и дотаму што понуди и оставка, ама како услов за тоа постави да се излезе на референдумот па макар и да се гласа против промена на уставното име. Но имајќи предвид што сé искажа досега, а не си додржа на зборот, оваа изјава може да се толкува и како негов придонес во кампања за бојотирање на плебисцитот.
Во продолжение дел од изјавите на Заев, како што вели самиот „додека го држел паметот“ и веројатно потоа.
https://www.youtube.com/watch?v=TAlY9vysAc4&feature=share