ЗНАМ удри по СДСМ: Во очај од својот рејтинг изнесувате невистини

На одржаната прес-конференција во врска со Агенцијата за електронски комуникации, СДСМ, во очај од својот рејтинг и секојдневната сѐ помала поддршка во јавноста, изнесува невистини, сакајќи да ги прикрие
неспособните и корумпирани поранешни кадри и бруталната партизација на институциите, реагираат од ЗНАМ.

-За членот на Комисијата на АЕК Анкица Трпковска, која очигледно им е трн во око на посетителите на журки по Дубаи, нема никакви спорни моменти во врска со нејзиниот избор. Таа ги исполнува сите услови од конкурсот, за што има доставено потребна документација: соодветно образование од областа на правните науки, двојно поголемо работно искуство од законското барање како консултант во фирми што се занимаваат со телекомуникациите и над 20-годишно искуство во управување со сериозни и успешни компании во државата. Толку за избраниот член на АЕК, велат од ЗНАМ.

Од таму посочуваат: „Сега,ајде да видиме каков беше пристапот на СДСМ во партизирањето и непотизмот на институциите, третирајќи ја Агенцијата како место за згрижување на партиски кадри – претседатели на општински организации, партиски донатори и поранешни нивни пратеници“.

-Да почнеме со Тања Ковачев, дежурниот слушач на прислушкувани разговори на доминантниот акционер во СДСМ, Зоран Заев, без ниту еден ден искуство во секторот телекомуникации, поранешен пратеник на СДСМ, на која тоа не ѝ беше доволна компензација, па како претседател на АЕК успева да си ги
вдоми: -Својот сопруг Дејан Ковачев во „Аеродроми на Македонија“, каде што е и претседател на Управниот одбор; сестрата Катерина Хаџиевска-Јакимовска станува инспектор за игри на среќа во УЈП; зетот од сестра на Ковачев, Бобан Јакимовски, е вработен во „Водовод и канализација“ – Скопје; сестрата на сопругот на пратеничката, односно золвата на Тања Ковачев, Елеона Фунду, е поставена за претседател на Надзорниот одбор на АД „Аеродромски услуги – Аеродроми на Македонија“, велат тие.

Од ЗНАМ посочуваат:

„За бројот на станови што ги стекнала Ковачев додека била на државни функции, ќе треба да се произнесе самата. Ние ќе го наведеме само оној до Сити мол во Карпош 3. Владимир Станивуковиќ, член на АЕК, Претседател на  Општинската организација на СДСМ Карпош, за кој лесно може да се најде податокот
дека е и партиски донатор на СДСМ. Се разбира, ние не верувавме дека тоа е поврзано со сериозниот незаслужен финансиски надомест што го земал Станивуковиќ од Комисијата на АЕК. СДСМ во континуитет ја партизирала АЕК. И пред Ковачев во оваа инситутција имале партиска инсталација, преку претседателот на Комисијата Стевица Јосифовски, кој дошол во АЕК од правниот тим на СДСМ, каде што бил овластено лице на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија при поднесувањето
на приговорите до Државната изборна комисија. Неговата адвокатска канцеларија во 2022 година наплатила илјадници евра од неколку институции за адвокатски услуги, покажува базата „Отворени финансии“.
За крај, би сакале да ја потсетиме јавноста дека за парцелата пред Собранието за кое се зборува во прес-конференцијата на СДСМ, одобрението за градба го има потпишано нивниот поранешен најнеуспешен градоначалник на Центар и кандидат во најава за следните локални избори,Андреј Жерновски (прилог: Одобрението за градба, потпишано од Жерновски), велат од ЗНАМ.