ВМРО – ДПМНЕ: ЗНМ ги гази новинарските стандарди

СДСМ призна дека јахтата е на Шекеринска, заработена во време кога 200.000 граѓани останаа без работа
СДСМ призна дека јахтата е на Шекеринска, заработена во време кога 200.000 граѓани останаа без работа

Наместо да ги штити, ЗНМ ги гази новинарските стандарди и охрабрува рушење на слободата на говор и приватноста. Според владејачката партија со денешната реакција ЗНМ оправдува непрофесионално однесување.

Со денешната реакција за Саше Политико ЗНМ ги гази новинарските стандарди
ВМРО-ДПМНЕ: ЗНМ ги гази новинарските стандарди

Здружението на новинари на Македонија и нејзиниот Претседател Насер Селмани освен тоа што буквално ги преспаа и толерираа физичките напади врз новинари од страна на активисти и симпатизери на опозицијата, тие денес излегоа со срамна одбрана на платеникот на СДСМ Саше Ивановски Политико, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека дополнително е срамна реакцијата на ЗНМ после денешната снимка со која се виде дека Саше Ивановски е само алатка на други лица кои му даваат насоки и го стимулираат од себе да прави тоа што го прави.

За осуда е тоа што СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не е свесен во какви ситуации го буткаат и ставаат. Тоа е срамно.

Тие луѓе што го злоупотребуваат Саше Ивановски го гледаат во него тоа што целата јавност го гледа, но СДСМ, Сорос и одделни новинари се смеат и ликуваат кога ќе успеат да го набуцкаат од себе да го прави тоа што го прави.

Тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и оправдуваат неговото агресивно однесување. Веројатно и го плаќаат.

Тие наместо да се оградат поради десетината конфликти на Саше Ивановски Политико, со оваа реакција повторно го насочуваат да предизвикува инциденти, за потоа Насер Селмани, Билјана Секуловска и сличните на нив да ликуваат и да се смеат.

Забавно ли ви е господине Селмани? Забавно ли ви е госпоѓо Секуловска?

Дали сте свесни дека си поигрувате со Саше Ивановски и дека тоа го гледа целата јавност?

ЗНМ и Насер Селмани со ова практично наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат рушење на слободата на говор и приватноста. Со оваа денешна реакција ЗНМ оправдува непрофесионално однесување.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш застапува ставови за професионалност во извршување на новинарската професија, но и ставови кои значат заштита на личниот интегритет и безбедноста на секој граѓанин, независно дали се работи за политичар, новинар, уметник, поет или друг граѓанин.

Веќе нема дилеми дека ЗНМ реагира само кога треба да одбранат некого кој е на страната на СДСМ и никогаш друг пат. ЗНМ и Насер Селмани немаат ниту една единствена реакција на нападите, говорот на омраза, загрозувањето на приватноста, кои во континуитет ги прави Саше Политико. Тие не го ни осудија физичкиот напад и демнењето на Политико врз јавни личности и новинари како Јанко Илковски, Каролина Гочева, многу поети и уметници.

ЗНМ се става и во одбрана на лице кое самиот се декларира дека не е новинар, што упатува на тоа дека наместо здружение за заштита на новинарите, прераснува во здружение кое стимулира и поддржува насилство, агресија и говор на омраза.