ЗОИ: Гут – Бехрами олимписка победничка во супервелеслалом

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, освојувајќи го првиот златен олимписки медал во својата импресивна кариера.

Бројот 7, кој Кинезите го сметаат за многу среќен, и донесе огромна радост на 30-годишната Швајцарка, која ја потврди доминацијата во дисциплината во која е актуелен светски првак.

Гут – Бехрами триумфираше со време 1:13:51 минути пред Австријката Миријам Пуцхнер, а бронзата ја освои нејзината сонародничка Мишел Гисин.

За Гут – Бехрами, која сега е главен фаворит за златното одличје и во спуст, ова е трет олимписки медал, а втор на Игрите во Пекинг, откако ја освои бронзата во велеслаломската трка.