Грчкиот парламент денеска ја избра со тајно гласање за претседател пратничката од Коалицијата на радикалната левица Сириза Зои Констандопулу, јави ТАСС, пренесе МИА.
Зои Констандопулу е единствениот кандидат. Таа беше предложена од премиерот и лидер на Сириза Алексис Ципрас.
Констандопулу е адвокат по човекови права. Таа со 38 години е најмладиот претседател на грчкиот парламент досега, јави ДПА.
Во новиот 300-члениот еднодомен грчки парламент се претставени седум партии. Во него 135 пратеници се избрани по првпат. Меѓу нив 69 се жени, што е пет повеќе во споредба со составот на парламентот во 2012 година.
фото: makeleio.gr