Жаклин Муро припаѓа во главните и умерени актери на протестното движење Жолти елеци во Франција. Нејзината нова партија би требало да излезе на локалните избори во 2020 година.
Поддршката за Жаклин Муро засега пристигна од Италија.
Жаклин Муро за весникот Фигаро вели дека нејзина цел е на Французите да им се понуди уште една алтернатива, така што нејзиното движење ќе се разликува од традиционалните политички движење. Леземержан – е работничкото име на движењето, а во превод ги означува оние кои се стремат, одеднаш се појавуваат, кои надоаѓаат.
Педесетгодишната Жаклин вели дека сѐ е на самиот почеток. Статутот сѐ уште не е подготвен, но сѐ би требало да се сработи што е можно побрзо. Следната година, нова политичка формација би требало да излезе на локалните избори.
Жаклин Моро е хипнотерапевт и работи хонорарно. Таа вели дека не би сакала сама по секоја цена да биде во раководството на партијата. „Како и во секоја партија, ќе има гласање. Сеедно е дали тоа ќе бидам јас или некој друг, тоа не е важно“. За неа е важно, вели таа, да собере луѓе против насилство и околу почитување на институциите.
Таа сака „нови и конструктивни идеи за земјата“. Важно ѝ е, вели таа, да се преземе борба против климатските промени и луѓето да се свртат против „култот на потрошувачкотпо општество“.
Жаклин Муро стана позната кога со една видео порака ги повика Французите да земат жолти елеци и да ги стават зад шофершајбната, за да изразат протест против зголемувањето на цените на горивото и воведувањето еколошки данок. На социјалните мрежи ова видео е видено шест милиони пати.
Таа е од Бретања, и му припаѓа на умереното крило Жолти елеци. Повеќе пати повикувала на воздржаност од насилство и на преговори со владата. Жаклин Муро како претставничка на „слободните жолти елеци“ на крајот на минатата година добила смртни закани од „анархистите со кои се манипулира“ бидејќи е против насилство и за преговори.
Кога Макрон се повлече од зголемувањето на цените на горивото и ги задоволи барањата на демонстрантите, таа беше онаа која ја изговори познатата реченица: „Мислам дека одлуката е донесена премногу доцна“.
Поддршка за ова француско движење дојде од Италија. Заменикот на италијанскиот шеф на владата Луиџи ди Мајо, кој го предводи движењето Пет ѕвезди, како и Матео Салвини министерот за внатрешни работи и лидерот на екстремно десничарската Лига, објавија: „Жолти елеци – не попуштајте!“ Тие, исто така, истакнаа дека Макрон владее против својот народ.
И двајцата го осудија насилството. Министерката за европски прашања на Макрон, Натали Луисо го отфрли „мешањето во внатрешните работи на земјата“. Владата во Рим веќе долго време има несогласувања со Макрон, меѓу другото и поради рестриктивната политика кон мигрантите која ја спроведува Рим.