Цивилната заштита во Грција денеска објави жолто ниво на опасност од пожари.
Жештините од последниот период и силниот ветер создаваат висок ризик од пожари, алармираат властите. Според нив, најголема е опасноста на полуостровот Атика, но и во континенталните региони, северното крајбрежје на Егејското Море и на Крит.
Огнените стихии во Грција досега опустошија големи шумски површини, соопшти Цивилната заштита.
Единствениот пожар, што во моментов е активен, е тој во областа на Лаврио во јужна Атика.