
-Месец декември го посветуваме за зголемување на свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во овие денови на празнични прославувања. Ајде заедно да кажеме СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ И ОГНОМЕТИТЕ кои освен тоа што се опасна „играчка” за најмладите и може да дојде до страшни повреди, се погубни и за животинскиот свет, соопштија од ЗОО-Скопје.
Употребата на пиротехнички средства е опасна затоа што: -Милиони птици угинуваат од стрес, или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација -Кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај срцев удар од страв -Дивиот свет исто така страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат -Се создава загадување на воздухот преку испуштање на отровни хемикалии, но и загадување со бучава -Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото -Кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност -Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите -И животните во ЗОО Скопје доживуваат голем стрес
-Затоа апелираме сите заедно да се вклучиме во оваа кампања и оваа година рекордно да ја намалиме употребата на пиротехника.
Се надеваме дека што повеќе училишта ќе се вклучат во заеднички активности со Скопје ЗОО, а како прва „задача” за сите основци и средношколци предлагаме да бидат креативни и да направат цртежи на темата „КАЖИ СТОП ЗА ПЕТАРДИ И ОГНОМЕТ”.
На крајот од месецот, пред Нова Година ќе направиме изложба со најдобрите цртежи во просторот на градината.
Сите креативни граѓани може да изработат и да ни испратат и едукативни илустрации на [email protected] , кои потоа како постери ќе се најдат низ секое маало! И за крај, уживајте во празнувањето на празниците, но оставете ги и другите да уживаат. Стоп за пиротехничките средства!, информираат од таму.