Зоолошката градина во Скопје уште од 1926-та година е дом на илјадници животни. На овие 12 хектари во срцето на Скопје живеат околу 85 различни видови од секој крај на светот. Нивната грижа е клучна за тимот на зоолошката градина, а таа редовно се одржува благодарение на соработката со компаниите како Vivax.
Животните кои живеат тука се можност за секое мало дете, па и секоја возрасна личност, да запознае нешто ново, да биде дел од нов свет. Оваа година го надминавме и бројот на посетители за 5% повеќе од минатата година за истиот период. Како расте интересот за зоолошката градина така напредуваме и се надградуваме. Оваа година сите, и посетителите и ние, со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на новите животни чии живеалишта веќе се подготвуваат. Благодарение на Vivax и нивното спонзорство сега сме во можност да обезбедиме додатна нега за животните, која многу ни значи, истакна директорот на зоолошката градина Скопје, Јорданчо Милошевски.