Помладиот од браќата Драгиќ, Зоран конечно пронајде ангажман во оваа сезона и официјално ќе го носи дресот на тимот на Жалгирс.
Зоран минатата кампања ја заврши во Басконија по што беше во потрага по нов предизвик кој дефинитивно го пронајде и тоа во Литванија. Тој во новата средина доаѓа на барање на неговиот сонародник Јуре Здовц кој од неодамна е предводник на составот на клубот од Каунас.
Драгиќ во досегашната кариера освен во горесполените клубови има настапувано уште за Илирија, Јанче, Слован, Крка, Малага, Химки, Милано, Анадолу Ефес, Триесте и Улм.