Зоран Милески Кичеец утринава влегол во Казнено поправниот дом во Струга да ја издржи правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.
На осудениот му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор.
Кичеец е осуден за делото примање наградата за противзаконито влијание.